Tuesday, May 12, 2009

Срце



Срцето е празен мускулен орган што ја движи крвта во организмот. Срцевиот ѕид е изграден од три слоеви: надворешен (епикард), среден (миокард) и внатрешен (ендокард). Во самото срце постојат крвни садови преку кои се снабдува со хранливи материи и кислород, а ги оддава екскретите и јаглерод диоксидот. Овој систем од крвни садови е познат како срцев крвоток, односно коронарен крвоток.




Структура на срцето кај животните

Структура на срцето

Градбата на срцето е различна кај повеќето животни. Без‘рбетниците, кои имаат попроста организација на крвоносниот систем, имаат цевчести срца, односно улогата на срце најчесто ја презема одреден крвен сад. Кај прстенестите црви, на пример, улогата на срце ја има преземено дорзалниот (грбен) крвен сад.

Риби (А на сликата)

Градбата се разликува дури и во рамките на ‘рбетниците. Така, рибите имаат најпросто изградено срце. Тоа е цевчесто и во форма на буквата Ѕ, а составено е од преден дел со подебели ѕидови - комора, и од заден дел со потенки ѕидови - преткомора. Меѓу овие два дела има отвори заштитени со клапи, кои не дозволуваат крвта да се враќа назад. Карактеристичен белег е што низ срцето на рибите минува само редуцирана крв (венска крв), која потоа оди да се збогати со кислород во жабрите, а оттаму се разнесува до целото тело.

Водоземци (Б на сликата)

Срцето на водоземците е составено од комора и две преткомори (лева и десна), одделени од комората со залистоци. Како и кај рибите, и тука постојат артеријален конус (издолжен преден крај на комората) и венски синус (проширено место каде крвта се влева во срцето). За разлика од рибите, кај водоземците преткоморите се сместени напред, пред комората, белег карактеристичен за сите копнени ‘рбетници.

Влекачи (Б на сликата)

И кај влекачите срцето има две преткомори и една комора, само што кај повеќето видови во внатрешноста на комората постои непотполна (недовршена) преграда, при што се мешаат делумно редуцираната и оксидираната крв. Исклучок од ова прават крокодилите, каде преградата е потполна и на тој начин срцето е поделено на две комори и две преткомори. Артеријалниот конус исчезнал, додека венскиот е многу мал.

Птици и цицачи (В на сликата)

Срцето на птиците и цицачите е наполно поделено на две половини, лева и десна, потполно независни една од друга. Овие две половини напречно се раздвоени на преткомора и комора, така што срцето на овие две групи животни е составено од две преткомори и две комори. Преткоморите комуницираат преку отвори со залистоци со коморите. Низ левата половина од срцето минува артериска (оксидирана) крв, додека низ десната минува венска (редуцирана) крв, при што не доаѓа до мешање на крвта во самото срце.



Човек

Кај човекот, срцето е сместено во градната празнина, меѓу двете белодробни крила, над дијафрагмата. Има форма на тристрана пирамида, односно круша, со врвот

завртена на надолу и налево. Кај возрасен маж има тежина од 280 до 340 g, додека ка

ј жените е нешто полесно и тежи од 230 до 280 g. Срцето лежи во срцевото ќесе - перикард, кое има заштитна функција.

Мускулните ѕидови на преткоморите се потенки од тие на коморите, бидејќи крвта од преткоморите преминува во коморите, каде во движењето на крвта значаен удел зема гравитационата сила. Левата преткомора е одделена од левата комора со дволисни залистоци, додека меѓу десната преткомора и комора има трилисни залистоци. Мускулниот ѕид на левата комора е подебел од оној на десната, бидејќи тука крвта се испумпува со голем притисок во аортата за да се разнесе низ целото тело преку големиот крвоток.



No comments:

Post a Comment